Бугарските медиуми денес објавија вест што ќе звучи бизарно и чудно за огромното мнозинство од спортскиот свет – „Манчестер Јунајтед почина на 63-годишна возраст“.
Славниот англиски клуб во последните неколку години има многу лоши резултати, но секако дека е далеку од „мртов“ и веќе има 147 години.
Бугарскиот портал „Блиц“ ја објави веста дека Црвените ѓаволи изгубиле голем навивач и веројатно еден од најстраствените воопшто.
Се работи за Манчестер Здравков Левиџов-Јунајтед, страствен навивач на клубот од Олд Трафорд, кој одлучи законски да го промени своето име, почина на 63-годишна возраст.
Навивачот се прекрсти во Манчестер Јунајтед откако неговиот сакан клуб ја освои Лигата на шампионите во 1999 година со легендарниот камбек против Баерн и победа од 2:1. Тој негов потег го направи да биде светски популарен. Според пишувањата, причината за смртта на 63-годишниот верен навивач на Манчестер јунајтед била ненадеен срцев удар.