Манчестер јунајтед ќе купи 17-годишен играч на Партизан?!

Младото српско крило, Филип Стевановиќ, наскоро може да стане член на големиот Манчестер јунајтед, и тоа за трансфер вреден 12 милиони евра, нешто што е реткост на овие простори за 17-годишен играч. Во Јунајтед веруваат дека парите кои ќе ги вложат во него, ќе се исплатат, а во претстојната сезона Стевановиќ нема да биде дел од првиот тим на Оле Гунар Солскјер, туку ќе биде позајмен.

Дека има вистина во овие најави, надежите ги подгреа самиот Стевановиќ, објавувајќи слика на социјалните мрежи од ланското гостување на Партизан на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести