Манчестер Сити со 2:1 победи на „Енфилд роуд“ против Ливерпул и тоа со пресврт во последните десетина минути. Ливерпул водеше кога во 84 минута прво Бернардо Силва израмни на 1:1, а во судиското надополнување Ерлинг Халанд од пенал погоди за 2:1 и комплетен пресврт.
Ливерпул тргна со сите сили да израмни, па тоа гостите го искористија кога Черки од половина терен шутираше кон празниот гол. Топката долго патуваше кон мрежата, а Халанд и Собослаи влегоа во дуел кој прв ќе стигне до топката. Халанд сакаше да го потврди погодокот, а Собослаи да спречи погодок.
Најпрво Собослаи го повлече Халанд, а потоа возврати и напаѓачот на Сити со влечење. Додека двајцата се влечеа, топката заврши во голот, но судијата одлучи дека не е погодок.
По ВАР проверката, одлучено беше погодокот да се поништи, иако никој не влијаеше на шутот кон голот, Собослаи доби црвен картон, а Сити доби слободен удар. Секако дека Сити беше пооштетен во оваа ситуација бидејќи имаа чист погодок.
Прв со реакција се јави легендарниот Гери Невил кој потенцираше дека тоа морало да биде гол.
„Едноставно не разбирам. Имаше прекршок тоа е јасно, но ова делува толку неправедно. Знам дека постојат правила, но постои и дух на играта. Ниеден судија не смее да поништи ваков погодок. Само оставате, тоа е гол. Нема навивач што ќе рече дека тука имало фаул. Јас сум да има ВАР, но ова ја убива целата радост. Навивачите гледаат фудбал од забава и за вакви моменти“, категоричен е Невил.
Целата ситуација ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА.
Liverpool 1 – [3] Manchester City – Cherki 90+10’ | Só Pelé não fez esse gol
by
u/Asn_Santos in
futebol

