Централниот дефанзивец на Манчестер сити, Ајмерик Лапорт имаше успешна операција на десното колено, но сега го очекува подолга пауза. Лапорт се повреди на дуелот против Брајтон, а лекарите констатираа дека има скинат менискус и го пратија „под нож“.
Оваа повреда е сериозна и се очекува рехабилитацијата да трае неколку месеци, а Гвардиола ќе го очекува дефанзивецот за вториот дел од сезоната, кога и ќе се води главната битка за трофеите.
Лапорт е вториот стартер кој претрпе тешка повреда откако пред еден месец се повреди Лерој Сане.