Манчестер сити е во двоен проблем, Вест Хем го радува Ливерпул

Вест Хем има предност од 2-0 против Манчестер сити по првото полувреме на нивниот премиерлигашки дуел, и тоа е одлична вест за Ливерпул. Џерод Боуен беше стрелец на двата гола, и тој сега има 18 голови сезонава.

Сити ако загуби од Чеканите во Лондон, освен што ќе му даде шанса на Ливерпул утре да се изедначи со нив по број на бодови, со овие 0-2 си ја расипува гол-разликата која ќе одлучува за првак во Англија, па Црвените ќе имаат прилика да го преземат врвот со убедлива победа над Саутемптон.

- Оглас -

Најнови вести