Манчестер сити конечно успеа да се ослободи од Жоао Кансело и да го продаде откако последните 18 месеци ги мина како позајмен во Баерн Минхен и Барселона поради конфликтот со Пеп Гвардиола.
Португалецот кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија, во шампионот на оваа земја, Ал-Хилал. Арапите на Сити ќе му платат 25 милиони евра, а Кансело потпиша тригодишен договор.
Триесетгодишниот фудбалер во синиот дел на Манчестер пристигна во 2019 година од Јувентус за 65 милиони евра, а имаше активен договор до 2027. Кансело во својата кариера настапуваше и за Бенфика, Валенсија и Интер.