Манчестер сити и Арсенал се борат за титула, но прогнозерите воопшто немаат доверба во Топчиите

Новото 25-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи натпревари од петте најсилни европски лиги и прогнозерите веќе имаат свои фаворити на големите дерби-дуели.

Во четири од петте најсилни европски лиги има големи дерби-пресметки, во Серија А играат Лацио и Јувентус, во Премиер лигата Манчестер сити и Арсенал ќе играат меѓу себе, а викендов се играат и најголеми дерби пресметки во Бундеслигата и Лига 1, Баерн Минхен – Борусија Дортмунд, односно Олимпик Марсеј – ПСЖ.

Прогнозерите најголема доверба во дерби-пресметките имаат во Баерн Минхен, за кого 82,29 отсто сметаат дека ќе ги освои бодовите во Дер Класикер. Голема доверба има и во Манчестер сити за кого 66.70 отсто сметаат дека ќе го победи Арсенал, кој пак има само 11,26 отсто доверба кај прогнозерите.

На најголемото дерби во Франција се очекува навивачите да приредат пекол за Мбапе и за соиграчите, но прогнозерите сепак не веруваат дека Олимпик Марсеј ќе ги освои бодовите. Само 12,32 отсто сметаат дека Марсеј на „Велодром“ со поддршка од навивачите ќе победи, додека 60,92 отсто од прогнозерите веруваат во ПСЖ.

Најнеизвесно е дербито во Серија А меѓу Лацио и Јувентус, каде што нема голем фаворит. Дури 49,09 отсто типуваат на триумф на Старата дама, а 36,86 отсто дека нема да има победник, додека во триумф на Лацио веруваат само 14.05 отсто.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 12.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците, се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести