Манчестер сити испрати важно соопштение до јавноста (Видео)

Манчестер сити објави соопштение во кое ја информира јавноста дека после видеото кое се појави по социјалните мрежи, а на кое се гледа како еден нивен навивач во средината на второто полувреме се однесува расистички кон фудбалерите на Јунајтед, клубот ќе и помогне на полицијата во идентификацијата на човекот.

Сити ќе понуди и снимка од камерите на стадионот, за да се најдат лицата кои фрлаа тврди предмети на терен.

„Клубот има нулта толеранција кон дискриминација од било каков вид, и ако некој биде прогласен за виновен за расизан, доживотно ќе добие забрана за влез на нашите натпревари“ – објавија од Сити.

Луѓе кои го познаваат расистот, веќе го објавија името. Станува збор за Ентони Бурк.

Ова е снимката која навивачот ќе треба да ја запамети, бидејќи најверојатно ова ќе му биде последен пат на трибините на „Етихад“:

https://twitter.com/i/status/1203399851280457728

- Оглас -

Најнови вести