Манчестер сити конечно ќе има шанса да се бори за трофеј, откако со две победи над Њукасл обезбеди пласман во финалето на англискиот Лига куп.
„Граѓаните“ вечерва славеа со 3-1 пред своја публика, а пласманот во финалето воопшто не беше загрозен, бидејќи имаа предност од 0-2 од првиот меч.
Омар Мармуш беше стрелец на два гола за Манчестер сити, а еднаш во листата со стрелците се запиша Тијани Реијндерс.
„Граѓаните“ минатата сезона не освоија ниту еден трофеј, а во Лига купот ќе играат финале првпат по пауза од пет години. За Манчестер сити ова ќе биде јубилејно, 10-то финале во Лига купот, а имаат само еден пораз и тоа во далечната 1974 година.
Финалето помеѓу Арсенал и Манчестер сити на „Вембли“ во Лондон ќе се одигра на 22-ри март.

