Одлуката за тоа каде Лионел Меси ќе игра следната сезона, може да се знае денеска. Во исчекување на најголемиот фудбалски трансфер во 21 век, сè погласни се шпекулациите дека Меси веќе може да отпатува во Манчестер и да го облече дресот на Сити.
Шесткратниот освојувач на Златната топка реши дека веќе не сака да игра за Барселона, па денеска треба да се договорат деталите околу неговото заминување од „Камп ноу“. Во меѓувреме, се појавија детали од неверојатен трансфер-план.
Најавите се дека Меси се договорил со Сити групацијата, и тоа за соработка вредна неверојатни 700 милиони евра во наредните пет сезони. Најпрво Аргентинецот треба да одигра три сезони во дресот на Манчестер сити, а потоа да биде испратен во САД и да биде дел од Њујорк Сити во МЛС-шампионатот.
Ваков договор досега е незапамтен во светот на фудбалот и ако се точни овие шпекулации, не е ни чудо зошто Меси толку настојува да си замине од клубот во кој ја помина целата досегашна кариера и освои дури 33 трофеи.