Манчестер сити остана со бод предност пред Ливерпул – Блескаво беше англиското дерби и заврши исто како и лани (Видео)

Фантастично дерби одиграа Манчестер сити и Ливерпул во трката за титулата во Англија и конечниот резултат е 2:2, исто како што беше и во првиот дел од сезоната на „Енфилд роуд“.

Вечерва повторно имаше четири гола со ист резултат, овојпат на „Етихад“ во Манчестер.

Шампионот двапати водеше со головите на Кевин де Бројне и на Габриел Жезус, а Ливерпул израмнуваше со погодоците на Диго Жота и на Садио Мане.

Домаќините поведоа во петтата минута со шестиот гол на Де Бројне на последните шест меча за Манчестер сити.

https://twitter.com/fastfootygoal/status/1513179544387260422?s=20&t=_BymmjXixNMmIS8_KCc_PQ

Израмни Диого Жота во 13-тата минута.

Во финишот на првото полувреме, Габриел Жезус постигна гол за 2:1, прв за него од септември лани.

Израмни Садио Мане во првата минута од второто полувреме со четвртиот гол на дербито.

https://twitter.com/_RedsReport/status/1513194198517927944?s=20&t=_BymmjXixNMmIS8_KCc_PQ

Имаше и петти гол на мечот на сезоната во Англија, го постигна Рахим Стерлинг за Манчестер сити, но беше поништен поради офсајд во 64-тата минута.

И по големото дерби, Манчестер сити има предност од еден бод пред Ливерпул на 7 меча до крајот на првенството за двете екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести