Стерлинг пак му даде гол на „својот“ Ливерпул, ВАР го фати во офсајд за неколку сантиметри (Видео)

Фантастично е англиското дерби за титулата меѓу Манчестер сити и Ливерпул и по 70 минути игра, резултатот е 2:2 на „Етихад“, иако имаше и петти гол, но беше поништен поради офсајд.

Рахим Стерлинг погоди во 64-тата минута против „својот“ Ливерпул, но Манчестер сити сепак не води со 3:2 бидејќи голот беше поништен поради офсајд.

Ситуацијата беше проверена со ВАР-системот и беше потврдено дека има офсајд ситуација.

Поништениот гол на Стерлинг во 64-тата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Стерлинг игра за Сити од 2015 година, а пристигна во Манчестер токму од Ливерпул, чиј член беше од 2010 до 2015 година.

 

- Оглас -

Најнови вести