Манчестер сити со 60 милиони евра тргнува по голманот на Порто

Манчестер сити тргнува во „лов“ на голманот на Порто, Диого Кошта. Раководството на „граѓаните“ ќе понуди 60 милиони евра за неговите услуги и се надева дека тоа ќе биде доволно за да ги убеди во Порто да го ослободат голманот кој во моментов вреди 40 милиони евра.

Дваесет и петгодишниот голман потекнува од академијата на Порто, а од 2019 година е дел од сениорската екипа на Португалеците. Оваа сезона забележа 43 настапи, на коишто прими 45 гола, а „чиста мрежа“ имаше на 19 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести