8.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Манчестер сити во јануари со нов обид да го купи Френки де Јонг

Манчестер сити во јануари повторно ќе се обиде да го ангажира Френки де Јонг, долгодишната желба на менаџерот Пеп Гвардиола.

И покрај тоа што финансиската моќ на англискиот клуб му овозможува да реализира и најкомпликувани трансфери, овој потег сè уште изгледа недостижен, бидејќи и Барселона и самиот фудбалер упорно ја одбиваат понудата од „Етихад“.

Според најновите информации од Шпанија, Граѓаните испратиле нова понуда од 70 милиони евра, надевајќи се дека раководството на Барселона би можело да размисли за неговата продажба поради финансиски причини.

Сепак, одговорот од Каталонците останува ист, засега Френки де Јонг не е на продажба. Но, Манчестер сити ќе испрати нова понуда во јануари.

- Оглас -

Најнови вести