Одбојкарската репрезентација на Македонија засилено и во комплетен состав се подготвува за настапот во новото издание на златната Европска лига на ЦЕВ. Нашите одбојкари се подготвуваат во Струмица, а таму ќе останат до осми мај, кога се патува на два контролни дуели против репрезентацијата на Романија.
Еден од поискусните во нашите редови, Филип Маџунков, не крие дека овие подготовки, но и настапот во Европската лига ќе бидат искористени за запознавање со новиот селектор, Хари Наковски, но и со дел од подмладената репрезентација.
„Во квалификациите треба да ги повториме резултатите од минатото. Во Европската лига ќе имаме можност за воигрување и за запознавање во новите играчи. Ние постарите веќе се знаеме. Акцентот е на квалификациите кои се во август. Секако, и во Европската лига одиме на победа, но ќе искористиме за заедно да тренираме и да сплотиме како екипа со новиот селектор.“ – вели одбојкарскиот репрезентативец на Македонија, Филип Маџунков.
Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:
17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА
19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка
25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА
31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска
01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА
Квалификации за Европско првенство 2026
17/18.08.2025 Грузија – МАКЕДОНИЈА
24/25.08.2025 МАКЕДОНИЈА – Грција