Мане: Би го менувал златниот медал од Лигата на шампиони за тој на Афкон

Напаѓачот на Сенегал, Садио Мане, изјави дека без двоумење би го дал златниот медал кој го освои со триумфот на Ливерпул во Лигата на шампионите само да стане континентален првак на Африка со својата селекција Сенегал. Вечерва е финалето на Афкон, во кое Сенегал игра против Алжир.

„Подготвен сум да го сменам медалот од Лигата на шампиони за вечерва да бидам првак на Африка. Алжир е одличен противник, но ние едвај чекаме да излеземе на терен и да победиме во финалето“, рече Мане, кој пред еден и пол месец се радуваше на клупскиот трон во Европа.

Финалето на Афкон се игра во Каиро, со почеток во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести