Садио Мане уште еднаш ја покажа големината и иако е една од најголемите фудбалски ѕвезди на планетата, се однесува многу скромно и со почит кон сите.
Првата ѕвезда на Сенегал се сретна со навивач на својата земја, кој се расплака од радост, а реакцијата и гестот на Мане се неповторливи и ќе ве воодушеват.
Садио му го побара бројот на мобилниот телефон на навивачот со ветување дека ќе му се јави да си помуабетат.
Како што вети репрезентативецот на Сенегал и првак на Африка со својата земја, му се јавил на навивачот и поразговарал со него.
Видеото од средбата меѓу Мане и симпатизерот на Сенегал можете да го погледнете ОВДЕ.