Мане го ризикуваше својот и животот на своето семејство со тоа што реши вторпат да шутира пенал

Сенегал го постигна најголемиот успех во фудбалската историја откако за првпат стигна до трофејот на Африканскиот куп на нациите. Во финалето против Египет, Сенегал победи благодарение на подоброто изведување на пеналите, откако по 120 минути игра беше 0:0.

Сенегал ја имаше најголемата шанса во регуларниот дел, и тоа само по шест минути игра, кога беше досуден пенал за нив, но ударот на Садио Мане го одбрани голманот на Египет.

Во пенал-рулетот, токму Мане ја презеде одговорноста да го шутира последниот петти пенал, но овојпат ѕвездата на Ливерпул погоди и Сенегал стана нов првак на Африка.

Според легендарниот нигериски фудбалер, Џеј Џеј Окоча, Мане презел неверојатна одговорност за да го шутира последниот пенал затоа што доколку по вторпат промашел, тоа ќе било многу опасно за него.

„Ако Мане и по вторпат промашеше пенал, којзнае какви последици ќе имаше. Не може секој играч да преземе одговорност и да го шутира клучниот пенал, а претходно еднаш промашил. Знаете колку непријателски настроени може да бидат навивачите во Африка. Мане го ризикуваше сопствениот живот, животите на неговото семејство, па дури и неговиот дом. Но, тој е роден за фудбал. Роден е да го прифати предизвикот и да погоди“, вели Окоча.

- Оглас -

Најнови вести