Мане и Салах се смирија: Повторно сме другари

Ѕвезденото дуо на Ливепрул, Садио Мане и Мохамед Салах вчера беа талични за Црвените во триумфот над Њукасл за продолжување на перфектната серија во воведниот дел од Премиер лигата. Сенегалецот беше двоен стрелец, а популарниот Фараон ги реши сите дилеми за 3-1 на „Енфилд роуд“.

По мечот, Мане проговори за несогласувањето со Салах, кое се случи за време на дуелот против Барнли во претходното коло. Десетката на Црвените го покажа гневот откако излезе од игра затоа што Салах во една ситуација можеше да му подаде и да забие гол, а Египќанецот одлучи сам да ја заврши акцијата.

„Сè е во ред со мене и Мо. Нема недоразбирања, повторно сме добри другари. Тоа е фудбалот, понекогаш се случуваат такви работи, но јас веќе заборавив. Сфаќам дека и јас не сум совршен, имало ситуации кога и јас сум себичел, а сум имал подобри решениja кои не сум ги искористил“, истакна Мане.

- Оглас -

Најнови вести