Евроголови на Вилјемс и на Мане, опасна финта на Фирмино и победа на Ливерпул (Видео)

Садио Мане постигна два гола за Ливерпул, првиот вистински еврогол, а Мо Салах ја круниса одличната акција и асистенција од Фирмино за пресврт и победа на европскиот првак против Њукасл.

Гостите поведоа на „Енфилд Роуд“ со голот на Џетро Вилјемс и го разлутија фаворитот. Мане во 28. минута израмни со прекрасен гол, а потоа во 40. го надитри голманот Дубравка како најава за нова победа на Ливерпул.

Роберто Фирмино требаше да одмори за дуелот во Лигата на шампионите против Наполи, но мораше да влезе во игра по повредата на Дивок Ориги и го имаше потегот на мечот.

Со петица прекрасно го проигра го проигра Салах во 72. минута, а репрезентативецот на Египет рутински погоди и го круниса потегот на Фирмино со гол за конечни 3:1.

https://www.youtube.com/watch?v=PbRJ7xawKa0

Ливерпул е единствената екипа во Премиерлигата со максимален учинок и има 15 бода по пет одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести