Мане и судиите го однесоа Сенегал во четвртфинале на африканското првенство

Сенегал ги совлада Зеленортските острови (Капе Верде) со 2-0 и се пласира во четвртфиналето на Африканскиот куп на нациите.

Голот кој ја најави победата го постигна ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, во 63-тата минута, а фудбалерот кој го замени Мане, Бамба Диенг (играч на Марсеј) ги постави конечните 2-0 во 93-тата минута.

Ова беше ново контроверзно осминафинале во кое во главна улога беше судијата. По прегледување на снимки, судијата исклучи двајца репрезентативци на Капе Верде и му помогна на Сенегал кој не успеваше да даде гол додека на терен беа со ист број играчи и со еден повеќе. Дури откако Сините ајкули останаа со деветмина на теренот, Сенегал даде гол.

Сенегал уште нема примено гол на АФКОН. Во четвртфиналето, Сенегал ќе се сретне со Мали или Екваторијална Гвинеја.

- Оглас -

Најнови вести