Садио Мане вечерва во Мароко ќе биде крунисан со прекрасна индивидуална награда како најдобар фудбалер на Африка за минатата сезона.
Во жестока конкуренција, според информациите што веќе се потврдени, Сенегалецот ја доби битката со Мохамед Салах и Едуард Менди.
https://twitter.com/garyalsmith/status/1550088244578115586?s=20&t=MuVl7Modh9bfY7kx68UUAw
Мане има најмногу гласови во изборот за најдобар фудбалер на континентот, пред неодамнешниот соиграч од Ливерпул, Салах, и пред голманот на Челзи, Менди.
Садио ова лето се пресели од Ливерпул во Баерн, а ноќеска веќе и дебитираше за германскиот гигант со погодок и две асистенции во победата од 6:2 против ДЦ Јунајтед на американската турнеа.