Сенегалскиот фудбалер Садио Мане е казнет парично со 500.000 евра поради тоа што физички го нападна тимскиот колега Лерој Сане. Оваа огромна парична казна не е најголема во историјата на фудбалот.
Рекордер во oваа неславна категорија е Кристијано Роналдо кој на крајот од минатата година беше казнет со 1,1 милиони евра, откако одби да влезе во игра на дуелот против Тотенхем и потоа самоиницијативно си замина пред да заврши дуелот.
Инцидентот меѓу Мане и Сане се случил по завршување на дуелот против Манчестер сити. Баерн загуби убедливо со 3:0, а Сане на теренот имал забелешки затоа што не добил добро додавање од Мане. По завршување на дуелот продолжила расправијата, а Мане му удрил шлаканицата на соиграчот.
Од Баерн дури размислувале Мане да добие раскин на договорот, но токму Сане бил иницијаторот да нема толку драстична казна и Сенегалецот да остане без клуб.