Мане му удрил шлаканица на Сане, клубот размислува каква казна да одреди, а денеска тренираа заедно

Убедливиот пораз од Манчестер сити внесе нервоза во редовите на Баерн Минхен, а капак била шлаканицата која Садио Мане му ја залепил на соиграчот Лерој Сане по мечот.

Тие се скараа во 83-тата минута од мечот во вторникот, кога Сане имаше едно неуспешно додавање, не се разбраа со Мане, па Германецот му приговори нешто на Сенегалецот. Веројатно и по мечот му приговарал, па Мане го удрил по устата.

Од клубот имале состанок со двајцата, Мане бил прогласен за виновник, а засега нема одлука за евентуална казна. Се шпекулира дури и дека Мане ќе биде продаден поради овој инцидент. Но, утрово Мане требаше да се извини пред целиот тим, а тој и Сане без проблем тренираа заедно.

- Оглас -

Најнови вести