Мане ја дозна казната за нападот на соиграчот, за него нема иднина во Баерн?!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане, од денеска е суспендиран поради инцидентот во соблекувалната со соиграчот Лерој Сане, одлучи управата на германскиот тим.

Мане е казнет затоа што го удри Сане во соблекувалната по поразот од Манчестер сити (3:0) во четвртфиналето во ЛШ.

Расправијата започна на теренот и продолжи во соблекувалната, каде што традиционално мирниот Сенегалец целосно ги загубил нервите, му удрил бокс и му ја раскрвавил усната на Сане.

Челните луѓе на Баерн, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и претседателот Оливер Кан, вчера одржале состанок на кој одлучиле да го суспендираат Мане, а одлуката на фудбалерот му ја соопштиле денеска.

Одлуката е да се суспендира Мане на неодредено време и засега е сигурно дека ќе го пропушти следниот натпревар на Баерн против Хофенхајм.

Новинарот Флоријан Плетенберг, кој ретко греши со информациите кога станува збор за германскиот фудбал, тврди дека Мане на крајот од сезоната може ќе биде продаден.

„Баерн Минхен едноставно не може да прифати такво однесување. Обична казна не е доволна, клубот сака со казната на Мане да ги предупреди останатите фудбалери. Тие со носењето на Тухел сакаа да добијат тренер кој нема да дозволи вакви работи и поради тоа се сомневам дека Мане има иднина во Минхен“, тврди Плетенберг.

- Оглас -

Најнови вести