Мане ќе биде најплатен играч во Ливерпул

Иако Садио Мане пред неполна година потпиша нова соработка со Ливерпул, раководството на клубот одлучи да ја награди „десетката“ на Црвените за одличните партии. Според информациите на англиските медиуми, Ливепрул ќе му понуди нов договор на Мане кој би требало да трае до јуни 2025 година, а со него ќе заработува 225.000 фунти неделно, или 12,5 милиони фунти годишно.

Со тоа Мане ќе стане најплатен играч во редовите на европскиот првак, што е сосема заслужено земајќи предвид од колкава важност е за тимот на Јирген Клоп. Сенегалецот минатата сезона беше најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 погодоци, наградата ја подели со клупскиот колега Мо Салах и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, додека за освојување на титулата во Лигата на шампионите придонесе со четири гола.

Со новиот договор Мане дефинитивно ќе го добие статусот на прва ѕвезда во Ливерпул, што е сосема заслужено знаејќи дека и оваа сезона засега е најдобар во тимот со шест гола на седум меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести