Садио Мане нема мана, повторно игра одлично, а со неговите голови Ливерпул успеа да направи пресврт во рок од 12 минути и од негатива од 0:1 против Њукасл води со 2:1 по првото полувреме.
Гостите поведоа со голот на Џетро Вилјемс во седмата минута, но Мане не дозволи играчите на Њукасл долго да се радуваат.
Во 28. минута израмни на 1:1 со еврогол, а во финишот на првото полувреме покажа и колку е брз, па го надитри голманот Дубравка и пак му ја затресе мрежата за предност од 2:1 по првиот дел.
https://www.youtube.com/watch?v=-Wu0zdCcjXI
Со овие два гола Сенегалецот се проби на делба на четвртото место на листата на сѕтрелците со вкупно 4 гола по нецели пет кола.