Мане одбрани како да е голман, но пенал немаше и тоа е правилна одлука (Фото)

Баерн Минхен е единствениот тим кој групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши со максимални 18 бодови откако и синоќа се радуваше во дуелот против Интер. Домаќините на „Алијанц арената“ победија со 2:0, но средбата можеше да има друг тек доколку Интер добиеше пенал во осмата минута од мечот.

Гостите беа во напад, Барела шутираше од далеку, а топката одеше кон голот. Пред голот беше Садио Мане, кој инстиктивно со раце ја удри топката и таа заврши во корнер. Судијата реши да гледа ВАР-снимка околу тоа дали е пенал или не, а на крајот одлуката беше дека иако Мане со двете раце ја удри топката, тоа не е за пенал.

Оваа одлука на арбитерот е исправна поради правилото кое вели дека доколку играчот со природен рефлекс ги крене рацете за да се одбрани, тогаш играта треба да продолжи.

Самиот Мане по средбата изјави дека ако не се одбранел од топката, можел да биде тешко повреден.

„Тоа беше силен удар и доколку не ги кренев рацете, топката ќе удреше во моето лице, а јас можев да завршам во болница. Мислам дека е дозволено да се користат рацете за да се заштити лицето, така што таа ситуација не беше за пенал“, рече Мане по мечот.

- Оглас -

Најнови вести