Мане откри кој бил негов идол: Штедев пари за да го имам неговиот дрес

Садио Мане е еден од оние фудбалери кои е доказ дека сонот може да стане стварност. Како и многу деца од сиромашните земји во Африка, тој сонувал еден ден да стане голем фудбалер. Мане сега е еден најдобрите фудбалери во светот, а новиот фудбалер на Баерн Минхен откри кој бил неговиот идол додека бил дете.

„Мои идоли беа Бразилецот Роналдињо и Ел Хаџи Диуф од Сенегал. Тоа беа одлични фудбалери. Со часови ги гледав видеата со нивните игри и се обидував на ривалите мои да го правам истото што го прават тие. Мајка ми ми подари дрес од Ел Хаџи Диуф, а кога бев малку постар, самиот си купив дрес од Роналдињо. Работев напорно, заработив и штедев за да го имам дресот. Ми беше сон да го носам неговото име на мојот грб. Не сакав воопшто да ги соблекувам дресовите, сакав постојано да ги носам“, вели Мане.

Пред само еден месец Мане по втор пат беше прогласен за најдобар фудбалер во Африка. Од пред неколку недели тој е играч на Баерн Минхен, а претходно шест години играше за Ливерпул. Во кариерата ги има носено и дресовите на Саутемптон, Салцбург и Мец.

 

- Оглас -

Најнови вести