Мане: Поразот од Реал Мадрид смени сè во Ливерпул, најмногу менталитетот

Една од најголемите ѕвезди на фудбалскиот клуб Ливерпул, Садио Мане, вели дека тој и неговите клупски колеги го даваат својот максимум за да донесат уште трофеи во богатата витрина на „Енфилд“, а вечерва во дуелот со Вулверхемптон влегуваат со 13 бода предност (и два меча помалку) во однос на вториот Манчестер сити.

Иако остана уште помалку од половина сезона, Мане потврди дека тимот на тренерот Јирген Клоп е целосно фокусиран.

„Направивме многу, но сакаме да освојуваме трофеи. Ја сакаме Премиер лигата, повторно ја сакаме и Лигата на шампионите. Сите се жртвуваме за успесите на тимот. Гладни сме за успеси и со добра работа одиме до самиот крај”, вели Сенегалецот.

Според Мане, во Ливерпул работите тргнале по поразот од Реал Мадрид во финалето на ЛШ во 2017 година.

„Кога го загубивме финалето од Реал Мадрид, кај нас се промени сè. Тогаш видовме дека можеме да направиме големи нешта. Имаме млад тим кој сега има поголема самодоверба од претходно. Сега знаеме дека ништо не е невозможно за нас. Откако јас сум во Ливерпул, секој фудбалер напредуваше и сакаме да бидеме уште подобри”, додава Мане.

- Оглас -

Најнови вести