Мане призна дека плачел кога си одел од еден тим, тоа не е Ливерпул

Фудбалерот на Баерн Минхен и на сенегалската репрезентација, Садио Мане призна дека само еднаш во кариерата плачел кога си заминувал од некој тим, а тоа не е Ливерпул каде ги имаше најдобрите моменти во досегашната кариера.

Тоа се случило во 2012 година кога морал да го напушти францускиот Мец и да се пресели во редовите на австрискиот шампион Ред Бул Салцбург.

„Тоа беа тешки времиња бидејќи Мец испадна од првата француска лига. Сакав да останам и да помогнам да се вратиме во елитата бидејќи Мец беше мојот прв професионален клуб во кариерата. Не се гледав во ниту еден друг тим, сакав само да бидам дел од Мец“, открива Мане.

Сенегалецот пред 10 години во трансфер вреден 4 милиони евра се пресели во Салцбург.

„“Се сеќавам кога Салцбург ја испрати понудата, тогашниот претседател на Мец, Бернад Серин рече нè. Ако го сакате, ќе мора да платите 4 милиони евра и потоа Салбург ја понуди оваа сума. Не сакав да си одам, но морав. Кога ми рекоа дека мора да си одам, заплакав. Се сеќавав на тој момент како да беше вчера, плачев поради заминувањето во Австрија. Не го знаев јазикот, не знаев никого, додека Мец беше мојот втор дом. Не беше лесно, но морав да го прифатам тоа“, вели Мане.

Мане по Салцбург се пресели во Саутемптон, а потоа играше во Ливерпул, за изминатово лето да потпише за Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести