Мане: Роналдо ми рече дека го избрав вистинскиот клуб по заминувањето од Ливерпул

Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане смета дека не погрешил што одлучил кариерата да ја продолжи во Бундеслигата, во тимот на Баерн Минхен, а тоа му го кажал и Кристијано Роналдо.

Минатата година Мане ја одби понудата од Ливерпул да го продолжи договорот и побара да биде продаден во Баерн Минхен. Управата на Црвените одлучи да му ја исполни желбата на Мане и по шест години поминати на „Енфилд“ го продаде на Баерн за 32 милиони евра.

Иако Сенегалецот беше критикуван од англиските медиуми дека погрешил што ја напуштил Премиер лигата и се преселил во Бундеслигата, фудбалерот тврди дека ја донел вистинската одлука.

„Сигурен сум дека сè повеќе фудбалери од Премиер лигата ќе доаѓаат тука. Бундеслигата е доста израмнета и доволно е да ја погледнете табелата. Атмосферата е фантастична на секој стадион и навистина не ми јасно како некој би можело да одбие да игра тука. Па, кој би можело да одбие понуда од Баерн? Дали гледате што прави Баерн сиве овие години во Лигата на шампионите, но и останатите германски екипи. Сигурен сум дека донесов вистинска одлука“, изјави Мане.

 

Тој откри дека и Роналдо му рекол дека направил добар избор со трансферот во Баерн.

„Кога бев на одмор во Мајорка, го сретнав Роналдо, кој ми рече дека избрав одличен клуб и дека правам голем чекор напред во кариерата“, додаде Мане, кој неодамна по пауза од четири месеци се врати на терените.

- Оглас -

Најнови вести