Марадона еднаш не ја носел „десетката“ во Наполи и тој дрес е продаден за неверојатна сума

Уникатниот црвен дрес на Наполи од сезоната 1990/91 беше продаден за неверојатни 12.000 евра. На аукцијата во Торино, се појави купувач кој реши да ги даде тие пари за дресот кој Марадона го носел само еднаш и на грбот не бил бројот 10.

Тоа е случи на дуелот против Пиза на гости, во февруари 1991 година. Марадона одлучи да ја носи „деветката“, а дресот со бројот 10 на тој меч го остави за Џанфранко Ѕола.

Освен тој уникатен дрес на Марадона, беше продаден и дрес на легендарниот Аргентинец со бројот 10, но тој достигна сума од само 6.500 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести