Марадона му се „поклони“ на Елмас: Херојски настап и два гола на репрезентативецот со кои Наполи ќе „презими“ во Европа

Елиф Елмас со двата гола за Наполи на средбата против Лестер му донесе пласман во шеснаестина-финалето на својот тим во елиминациите од Лигата на Европа.

Македонскиот репрезентативец беше најдобар поединец на средбата која на крај заврши со 3:2 во корист на италијанскиот тим.

Тој погоди во 24. и 53. минута за голема радост на стадионот „Диего Армандо Марадона“ .

Наполи најпрвен поведе со голот на Оунас во четврттата, а 20 минути подоцна Елмас зголеми на 2:0.

Сепак, гостите во краток период во два наврати преку Џони Еванс и Дензбури Хол израмнија на 2:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел, пак, Елиф повторно стапи на сцена и го постави конечниот резултат од 3:2 во 53-та минута.

Со тоа, Наполи заврши на второто место во групата Ц, со 10 бода, исто колку што има и Спартак Москва, но, рускиот тим има подобар меѓусебен дуел од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести