Некогашниот легендарен аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона веќе има осум свои деца. Тоа стана јасно, откако Марадона мораше да признае уште три деца за свои.
Адвокатот на Марадона, Матијас Морла откри дека тие три деца се од две различни жени од Куба. Засега Диего официјално ги нема признаено тие три деца, но во најскоро време и официјално треба да биде запишано дека тоа се негови деца.
Во периодот од 2000 до 2005 година, Марадона престојуваше во Куба на третмани за одвикнување од дрогата. Токму тогаш и успеал да забремени две жени, кои родиле три деца.
Марадона тврдеше дека освен со неговата поранешна жена Клаудија, нема други деца. Со Клаудија беше во брак 20 години и ги има ќерките Џанина (29) и Далма (31). Подоцна мораше да ги признае и Диего Јуниор (32) и Јана (22), откако мајките на овие деца преку суд потврдија дека Марадона е нивни татко. Тој го има и шестгодишниот син Диего Фернандо од времето кога беше во врска со Вероника Охеда.
Последните три деца од Куба кои преку суд се потврдени дека се на Марадона, направија тој да има вкупно осум деца.