Мареј доби метален колк

Тенисерот Енди Мареј на почетокот на годинава го изненади светот со најавата дека ќе ја заврши кариерата, а сега мораше да оди на операција на колкот кој му правеше проблеми повеќе од една година.

Британецот и точно пред една година имаше операција на колкот, а еве и во овој јануари се реши на нов хируршки зафат. Сега му е вграден метален колк, а 31-годишниот Мареј „се пофали“ на „Инстаграм“.

„Сега имам метален колк. Се чувствувам измачено и рането, но се надевам дека ова е крај на моите маки со колкот“, порача Мареј, кој на Отвореното првенство на Австралијан испадна од Роберто Баутиста Агут.

Мареј сака тениската кариера официјално да ја заврши на Вимблдон, но прашање е дали ќе ги издржи болките и дали ќе успее целосно да се рехабилитира до јуни, кога се игра гренд слемот на тревните терени во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести