Мареј се расплака откако освои трофеј по две години пауза (видео)

Трикратниот Гренд слем шампион и олимписки првак Енди Мареј со пресврт од 2-1 (3-6, 6-4, 6-4) против Стен Вавринка ја освои титулата на АТП 250 турнирот во Антверп, Белгија. Британецот по повеќе од две години, повторно крена трофеј, по долгата и тешка борба со повредата на колкот.

Точно 961 ден подоцна и нов колк, Мареј повторно победува во категоријата сингл, а откако го совлада Швајцарецот, се расплака како мало дете, што е знак колку му значи овој трофеј.

„Ова е еден од моите најголеми успеси во кариерата. Не очекував дека повторно ќе се најдам во ваква позиција по долгата битка со повредите. Не можам да опишам колку сум среќен што повторно играм на високо ниво и го освоив овој трофеј“, истакна Мареј по мечот.

Британецот пред вчерашната победа, последен пат се радуваше на трофеј во март 2017 година во Дубаи, а откако му се појавија проблемите со колкот, тој не веруваше дека повторно ќе може да игра тенис, дури во неколку наврати најави дека може да стави крај на кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести