Мареска искрен после поразот: „Не ни очекував дека ќе ги добиеме сите натпревари“

Челзи доживеа неочекуван пораз од Фулан (1-2) и му дозволи на Ливерпул да побегне на +7 на премиерлигашката табела. Тренерот на „сините“, Енцо Мареска, е искрен и вели дека воопшто и не се надевал дека ќе победуваат на секој меч.

„Никогаш не ни помислував дека ќе ги добиеме сите натпревари. Загубивме на 18-ти август, а потоа имавме пауза од два месеци со следниот пораз. Потоа загубивме после нови два месеци. Реалноста не е дека губиме на секои два месеци, туку како сега ќе реагираме и да се запрашаме како да победиме на следните средби. Против Ипсвич сигурно ќе направам неколку измени, но ќе промениме нешто и во играта.“ – вели Мареска.

Тренерот на Челзи го најави и следниот дуел од Премиер лигата, кога му гостуваат на Ипсвич.

„Ипсвич се претстави навистина добро, но ние ќе направиме се што можеме за да победиме. Задачата нема да биде лесна, но верувам во нашите можности.“ – додава Мареска.

- Оглас -

Најнови вести