Мареска искрен: „Се уште не сме подготвени за напад на титулата“

Челзи игра во фантастична форма и има шест победи по ред во Премиер лигата и Конференциската лига, а во недела на домашен терен го пречекува Брентфорд и има шанси за нови три бода. „Сините“ во моментов се втори на табелата, а пред нив е само Ливерпул, но Енцо Мареска смета дека се уште се далеку од титулата.

„Титулата? Тоа можеш да го намирисаш, да го почувствуваш, но како што веќе имам кажано, ние се уште сме далеку од тоа да се бориме за трофејот. Имам чувство дека ќе ни биде тешко против Брентфорд, а победникот ќе го решат малите детали. Затоа ни е потребна максимална поддршка од нашите навивачи.“ – рече Мареска пред неделниот меч.

Челзи има заостанување од четири бода позади Ливерпул, но и натпревар повеќе од „црвените“.

- Оглас -

Најнови вести