-3.2 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Мареска пред отказ во Челзи

Енцо Мареска се наоѓа на работ на заминување од клупата на Челзи, откако односите со клубот целосно се нарушени. Ситуацијата околу италијанскиот стручњак веќе со недели е неизвесна, а сè повеќе извори наведуваат дека до разделба би можело да дојде уште денес.

Челзи влегува во новата година со итни внатрешни разговори околу статусот на Мареска.


По разочарувачкото реми 202 против Борнмут на „Стемфорд бриџ“, натпревар на кој беше исвиркан од навивачите, речиси е извесно дека Мареска нема да ја предводи екипата на неделното гостување кај Манчестер сити.

Според информации блиски до клубот, и самиот Мареска размислува за заминување, иако останува нејасно дали е подготвен да го напушти Челзи без отштета. Неговиот договор важи до 2029 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Челзи во последните седум првенствени натпревари има остварено само една победа, а трпението на раководството е сериозно нарушено, не само поради слабите резултати, туку и поради однесувањето на Мареска надвор од теренот. Посебна конфузија предизвикаа неговите изјави за „најлошите 48 часа“ во клубот по победата над Евертон во средината на декември, кои никогаш дополнително не ги објасни.

Дополнителни тензии се појавија откако Мареска не одржа прес-конференција по натпреварот со Борнмут, туку пред медиумите го испрати помошникот Вили Кабаљеро. Во клубот тоа беше сфатено како уште еден знак за сериозно незадоволство на тренерот.

Челзи претходно беше подготвен да му даде дополнително време на Мареска, со предупредување дека јануари може да биде пресуден доколку лошата форма продолжи. Сепак, сега се очекува брза одлука. Клубот веќе разгледува алтернативни решенија, а едно од имињата што се споменува е тренерот на Стразбур, Лијам Розениор, чиј клуб е партнерски поврзан со Челзи.

Во случај на заминување на Мареска, Челзи би барал петти постојан менаџер откако клубот во 2022 година го презеде Тод Боели.

- Оглас -

Најнови вести