Мареска: Сѐ уште не сме подготвени да се бориме за шампионска титула

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изрази задоволство по победата против Брентфорд (2-1), со што Сините од Лондон ја продолжија серијата од седум последовни победи во сите натпреварувања. Сепак, италијанскиот стратег останува реален и смета дека Челзи сè уште не е подготвен да се бори за титулата во Премиер лигата оваа сезона.

„Создадовме многу шанси и можевме да постигнеме повеќе голови. Победата е сосема заслужена“, изјави Мареска по натпреварот.

Тој го коментираше и спорниот момент со исклучувањето на Марк Кукуреља.


„Не го видов прекршокот за вториот жолт картон. Судијата рече дека го покажал поради несоодветно однесување. Има работи што можеме да ги подобриме. Добро се снаоѓаме во одбраната бидејќи само два тима примиле помалку голови од нас. Се надевавме дека ќе ја зачуваме мрежата недопрена, но противникот исто така беше решен да постигне гол.“

Мареска подвлече дека тимот мора да остане скромен и насочен кон напредок.


„Прашањето не е колку натпревари ќе победиме, туку како ќе се подобруваме. Затоа реков дека сè уште не сме подготвени да се бориме за титулата“, дополни менаџерот на Челзи.

Со овој триумф Челзи се доближи до врвот на табелата, но Мареска инсистира дека тимот треба да остане фокусиран на постојано подобрување за да ја продолжи успешната форма.

- Оглас -

Најнови вести