Мареска: Срамно е што сме елиминирани од ФА купот

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека „големите клубови“ знаат како да победуваат со 1-0, откако неговиот тим беше елиминиран од Брајтон во четвртото коло на ФА Купот, нарекувајќи го тоа „голем срам“.

Сините поведоа уште во петтата минута по автогол на голманот на Брајтон, но не успеаја да го задржат водството. Единствената победа на Челзи со 1-0 откако Мареска е на клупата беше против Борнмут во септември.

„На играчите им кажав пред неколку недели, а им повторив и сега – мора да научиме како да добиеме натпревар со 1-0“, изјави Мареска. „Големите клубови го прават тоа.“

Во врска со елиминацијата, италијанскиот стратег додаде дека навистина се срами.


„Ова е навистина голем срам за нас. Единствената позитивна страна е што сега можеме целосно да се фокусираме на Премиер лигата и на Конференциската лига. Посебно во Премиер лигата, нашето претставување досега беше многу добро и се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната на добар начин“, истакна менаџерот на Челзи.

Мареска прокоментира и за отсуството на Николас Џексон поради повреда.

„Понекогаш треба да одиграте натпревар без одредени фудбалери за да сфатите колку се важни. Често сме зборувале за Нико – тој е клучен и со топката и без неа“, заврши Енцо Мареска.

- Оглас -

Најнови вести