Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, одвај чека за него и за неговиот тим да почне летниот одмор, кој годинава ќе биде пократок од вообичаеното.
Италијанецот истакна дека е среќен со освоениот трофеј и возбуден е за иднината која го чека на клупата на Сините, но повеќе се радува што конечно ќе замине на одмор.
„Се разбра дека сум среќен, но повеќе се радувам на тринеделниот одмор кој ќе го имаме сега“, рече Мареска.
Мареска рече дека мечот со ПСЖ го добиле во првите 10 минути, кога наметнале свое темпо и извршиле силен пресинг.