Шампионот на Обединетите Арапски Емирати, Ал-Аин приреди подвиг и ќе игра во финалето на Светскиот клупски куп на ФИФА, откако по подоброto изведување на пеналиte го елиминира јужноамерканскиот првак Ривер плејт.
Домаќините, Ал-Аин ги погодија сите пет удари од белата точка, трагичар за Ривер плејт беше Енцо Переs со утка во последната серија и чудото се случи.
Ал-Аин ќе игра во финалето против подобриот од мечот Реал Мадрид-Кашима, што ќе се одигра утре.
За шампионот на Обединетите Арапски Емирати ова е историски успех и тоа е првиот тим од арапскиот свет што ќе игра во финале во ова натпреварување.
Во мечoт со многу пресврти, Ал-Аин поведе со голот на Маркус Берг во третата минута, а потоа Ривер со двата гола на Рафаел Боре успеа да води со 2-1 по првото полувреме. Израмни Кајо на 2-2, што беше и конечен резултат на мечот.
Во продолженијата немаше голови, а на пенали организаторот на турнирот приреди подвиг и ќе игра финале.
Интересно е што тренер на Ал-Аин е Зоран Мамиќ, кој е осуден во Хрватска на 4 години и 11 месеци затвор за измама, но поради непостоење на договор за екстрадиција меѓу Хрватска и Обединетите Арапски Емирати, тој остана тренер на Ал-Аин. И ќе биде запишан во историјата како прв тренер што успеал да биде финалист со екипа од арапскиот свет во Светскиот клупски куп на ФИФА.