Маријапа со циркуски автогол ѝ посака среќа на Канада на Мундијалот во Катар (Видео)

Канада по 36 години повторно ќе игра на Светско првенство, на тоа во Катар годинава во ноември и декември, а печат на визата е ставен со победа од 4:0 против Јамајка.

Еден од организаторите на следниот Мундијал во 2026 година си обезбеди настап, прв по тој во 1986 година, а многу блиску до Катар се и САД и Мексико, кои заедно со Канада ќе бидат домаќините на СП за четири години.

Канаѓаните и буквално ја растурија Јамајка со 4:0, а головите ги постигнаа Ларин, Буканан, Хојлет и Маријапа, кој постигна циркуски автогол во самиот финиш на мечот.

На едно коло до крајот на квалификациите во Средна и Северна Америка, Канаѓаните се први на табелата со 28 бода, пред САД и Мексико со по 25 и Костарика со 22.

Првите три селекции ќе одат директно во Катар, а четвртопласираната ќе игра бараж.

САД со 5:1 ја победи Панама и ја отпиша од трката за Мундијалот и речиси сигурно си обезбеди виза за Катар.

Пулишиќ постигна хет-трик, а Американците не смеат да загубат со шест или повеќе голови разлика во последното коло од Костарика на гостински терен.

Мексико го победи Хондурас со 1:0 и му одговара и реми против Салвадор за да игра на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести