Поранешниот италијански репрезентативец, 35-годишниот Марио Балотели, сè уште не ја завршил професионалната кариера и би можело да се врати на теренот во дресот на Ал-Итифак од Обединетите Арапски Емирати, јавуваат италијанските медиуми.
Балотели е без клуб речиси една година, а последниот ангажман го имаше во италијанскиот прволигаш Џенова, каде штопотпиша кон крајот на октомври минатата година. Меѓутоа, неговото време во Џенова беше кратко, одигра само 56 минути на шест натпревари и го напушти клубот на почетокот на јануари.
И покрај разочарувачката епизода во Џенова, Балотели се надеваше на враќање во Серија А. Формата ја одржува со тренинзи во аматерскиот клуб Карпендоло, а според италијанските медиуми, Ал-Итифак веќе го контактирал и подготвен е да му понуди договор до јуни 2028 година.
Балотели има богата кариера со многу трансфери, а во најдобрите денови настапуваше за Интер, Манчестер сити, Милан и Ливерпул. За италијанската репрезентација има одиграно 36 натпревари и има постигнато 14 гола.

