Марио Хезоња ќе ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид. Тој потпиша нов договор до 2029 година.
По неколкунеделната драма што се одвиваше во шпанските медиуми, споменувањето на потпишан преддоговор со Барселона, како и можности за трансфер во Панатинаикос или Партизан, хрватскиот репрезентативец самиот објави на социјалните мрежи дека останува член на Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант исто така ја потврди оваа информација, објавувајќи дека Хезоња останува уште пет години.
Хезоња стана европски првак со Реал Мадрид пред две сезони. Тој пристигна пред две години и стана еден од најдобрите играчи на мадридскиот тим. Во отсуство на Бојан Богдановиќ, Хезоња ќе биде клучен и за хрватската репрезентација во квалификациите за Олимписките игри од 2 до 7 јули.
🌟 #Hezonja2029 🌟 pic.twitter.com/wBkS0h6D7A
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 2, 2024