„Марка“ објави: Килијан Мбапе е нов играч на Реал Мадрид !

Килијан Мбапе во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Ова вечерва го објави реномираниот шпански весник „Марка“, кој е познат како добар познавач на работите во Кралскиот клуб.

Пишувањата се дека Пари Сен Жермен ја прифатил понудата на Реал Мадрид вредна 170 милиони евра, плус 10 милиони евра кои треба да бидат дадени како бонуси. Според „Марка“, трансферот официјално ќе биде потврден в петок.

- Оглас -

Најнови вести