Марко Ројс како Меси со мајсторија од слободен удар, Борусија сега е рамо до рамо со Баерн Минхен (Видео)

Борусија Дортмунд продолжува со фантастични игри и победи во 2023 година, а денеска силата на Милионерите ја почувствува тимот на Херта, кој беше поразен со 1:4 на гостувањето.

Адејеми и Мален погодуваа во првото полувреме за комотно водство на Борусија по првите 45 минути, а надеж за гостите даде Тусарт со погодокот за 1:2 во 47 минута.

Да нема неизвесна завршница се погрижи капитенот на Борусија, Марко Ројс кој во 76 минута постигна фантастичен погодок од слободен удар за 3:1, а точка на голеадата стави Брандт со погодок во 90 минута.

За Борусија Дортмунд ова беше осум натпревар во 2023 година и осма победа, па сега Милионерите имаат 43 бодови, колку што има и лидерот Баерн Минхен, но и третопласираниот Унион Берлин.

- Оглас -

Најнови вести