Сабаленка продолжува со одбраната на титулата

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, се пласира во третото коло на УС Опен откако ја совлада Русинката Полина Кудерметова во два сета – 7-6(4), 6-2 за час и половина игра. Со ова таа ја продолжи одбраната на титулата.

Мечот започна лошо за Сабаленка, која претрпе брејк уште при првиот сервис-гем. Сепак, брзо се созеде и веднаш во следниот гем го врати брејкот за 1-1.

Потоа двете тенисерки релативно лесно ги освојуваа своите сервиси. Единствената поголема драма се случи во 11-от гем, кога Сабаленка мораше да спасува две брејк-топки, но успеа да се извлече. Сетот заврши со тај-брејк, кој Белорусинката го доби со 7-4 на поени.

Во вториот сет Сабаленка целосно ја најде својата игра и доминираше на теренот. Направи два брејка, што беше доволно за да го освои сетот и мечот со 6-2.

Со оваа победа, Арина се пласира во третото коло, каде ќе се соочи со Канаѓанката Лејла Фернандез.

- Оглас -

Најнови вести